26.01.2023 Скопје
Откако претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека не е заинтересиран за средба со Владимир Путин за мировни преговори, велејќи дека тој е всушност ирелевантен и дека не е сигурен кој точно ги носи одлуките во Русија, Дмитри Песков возврати со одговор дека Зеленски веќе одамна не е противник на претседателот Путин.
„Зеленски одамна престана да биде противник на претседателот Путин“, изјави Песков, посочувајќи на, како што рече, неисполнувањето на неговите предизборни ветувања од страна на Зеленски во однос на решавање на ситуацијата во регионот Донбас во Украина и исполнување на договорите од Минск.
„Зеленски одамна се подготвуваше за војна, и мислам дека не заслужува да се обрати внимание на неговите бесмислени изјави“, истакна Песков.
Подготвено од М.Н.