25.01.2023 Скопје
Руската амбасада во Германија соопшти дека одлуката на Берлин да одобри испорака на тенкови Леопард 2 на Украина е „исклучително опасна“ и ќе го ескалира конфликтот „на ново ниво“.
Амбасадорот Сергеј Начаев соопшти дека одлуката на Германија значи дека државата се откажува од својата „историска одговорност кон Русија“ што произлегува од нацистичките злосторства во Втората светска војна.
„Оваа исклучително опасна одлука го подигнува конфликтот на ново ниво, и е во спротивност со изјавите на германските политичари за неподготвеноста на Сојузна Република Германија да биде вовлечена во неа“, истакна амбасадорот Сергеј Нечаев.
Подготвено од М.Н.