30.01.2023 Скопје
Бидејќи САД одлучија да испорачаат тенкови на Украина, нема смисла Русија да преговара со Киев или некои нејзините западни марионети, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Рјабков истакна дека никој на западот нема излезено со сериозни иницијативи за решавање на кризата во Украина.
“Се надеваме дека тактиката „чекор по чекор“ ќе ни овозможи да дојдеме до заемно прифатливи решенија за најважните билатерални прашања“, додаде Рјабков, но истакна дека за сега нема никаква најава за нешто такво од страна на западот.
Подготвено од М.Н.