https://www.flickr.com/photos/ali_gata1970/8174376324/in/photolist-dskPhQ-2mwcaCS-akYGYo-akVUKP-a9w3Sx-akVU62-a9wew2-8bADVY-TeyAHR-akYGsy-akYH4u-a9w42z-a9z2mA-a9z1S5-a9weA2-2jVR6pr-akYHjA-akYG39-QgWuH9-QC2inq-2egkQEe-2kSruiY-TeyADT-R8UBPk-D67AwK-2ggS8jx-22hsrtQ-D67B2x-oEZHbm-9szuWF-a9vWox-a9z1XS-a9yQWL-a9yRfN-a9w4oK-a9we3k-a9wdic-a9z1xu-a9vVDP-a9wdYF-a9wdMc-a9wdVc-2iVrz9Z-RG1fcb-PBwmq6-QR84S2-2m8ACS1-2ggRNJT-2k7Z15G-2k7Z15B

26.01.2023 Скопје

Британското Министерство за одбрана објави дека Русија најверојатно во Белорусија ја завршила обуката за Втората гардиска стрелачка дивизија (ГМРД), која таму се обучува од есента 2022 година.

Министерството, овие информации ги добива од разузнавачки податоци, а додава и дека поголемиот дел од Втората (ГМРД) сега е префрлен назад во Русија и речиси сигурно ќе биде испратен во Украина.

Втората (ГМРД) е дел од Првата гардиска тенковска армија и претрпе големи загуби во почетната фаза на конфликтот. Сега се состои првенствено од мобилизиран персонал кој работи со постара опрема од складиштата.

Постои реална можност други руски единици да бидат ротирани во Белорусија за слична обука и дека Русија ќе продолжи со овој модел на регенерација и подготовка на единици за одржување на своите сили во Украина, соопшти британското Министерство за одбрана.

Подготвено од М.Н.

About Author