https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3268263673423986&set=pb.100007211555008.-2207520000.&type=3

16.01.2023 Скопје

Руските воени сили во текот на ноќта изврши напад врз југоисточниот украински град Запорожје, при што беа повредени цивили и уништена станбена инфраструктура, соопштија регионалните власти.

Олександр Старук, шеф на регионалната државна администрација на Запорожје, рече дека Русија извршила ракетен напад врз регионалниот центар околу 1 часот по полноќ по локално време.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во свое видео-обраќање истакна дека засега е непозната судбината на повеќе од 30 луѓе за време на нападот и нагласи дека спасувачката операција продолжува.

Подготвено од М.Н.

About Author