rusija nuklearna podmornica oruzje

17.01.2023 Скопје

Русија ги произведе првите нуклеарни боеви глави за супер торпеда Посејдон кои ќе бидат распоредени на нуклеарната подморница Белгород.

Првите количини оружје за Посејдон се произведени и подморницата Белгород ќе ги добие во блиска иднина.

Рускиот претседател Владимир Путин го најави таканаречениот Посејдон уште во 2018 година, каде го опиша како нов тип на стратешко нуклеарно оружје кое ќе има сопствен извор на нуклеарна енергија.

Путин тогаш изјави дека, торпедата кои ќе бидат испукани од подморницата Белгород можат да погодат цели на дури 9.500км одалеченост.

Подготвено од М.Н.

About Author