24.01.2023 Скопје
Британското Министерство за одбрана наведува дека руските власти, односно претседателот Владимир Путин, најверојатно го отстранил генерал-полковник Михаил Теплински, кој беше клучниот командант на оперативните сили во Украина.
Теплински го предводел релативно успешното руско повлекување од западниот брег на Днепар во ноември 2022 година и бил пофален од многумина во Русија како способен командант.
Отстранувањето на Теплински веројатно е уште еден знак за поделби меѓу водачите на руската операција во Украина, бидејќи новоименуваниот началник на Генералштабот на руската војска, Валери Герасимов, се обидува да го потврди својот авторитет.
Останува сомнително дали Теплински ја задржал својата дополнителна функција како шеф на руските воздухопловни сили, велат од британското Министерството за одбрана, а можно е да бил разрешен поради улогата што ВДВ ја играле на првата линија. Имено, ВДВ честопати биле испраќани на линијата на фронтот и ја преземале функцијата што традиционално ја имала механизираната пешадија.
Подготвено од М.Н.