https://www.facebook.com/photo.php?fbid=494724406183958&set=pb.100069392071612.-2207520000.&type=3

24.01.2023 Скопје

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во посети Јужноафриканската Република одржа прес-конференција. Посетата на шефот на руската дипломатија се случи во пресрет на учеството на ЈАР на заеднички воени вежби со Кина и Русија.

Лавров на прес-конференцијата зборуваше за мировните преговори меѓу Украина и Русија на самиот почеток на војната.

„Општо познато е дека го поддржавме предлогот на украинската страна за преговори на почетокот на специјалната воена операција на крајот на март, двете делегации се согласија за принципот на прекин на овој конфликт“, изјави Лавров.

„Исто така е познато и јавно објавено дека нашите американски, британски и некои европски колеги и рекле на Украина дека е рано за договор, а со тоа само е нанесена поголема штета обвинувајќи ја Русија“, истакна шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Подготвено од М.Н.

About Author