03.01.2023 Скопје
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо сакал да се врати во Реал Мадрид, но во клубот не биле заинтересирани за него, поради што тој реши да потпише за Ал Наср.
Капитенот на португалската репрезентација, во ноември, спогодбено се раздели со Манчестер јунајтед, по острите критики кои ги упати кон управата на клубот и тренерот.
Роналдо настапи на Светското првенство во Катар, а по елиминацијата неколку дена тренираше во Мадрид. Тој сакаше да се врати во клубот за кој успешно настапуваше од 2009 до 2018 година каде освои 16 трофеи и постигна 451 гол во сите натпреварувања.
Наводно ќе се согласел на помала плата и помала улога во тимот, но сепак морал да бара нов ангажман.
Подготвено од М.Н.