https://www.flickr.com/photos/fuhumedia/50117121537/in/photolist-2gcUr3K-2gcUoZB-2gcUoDr-2gcU8BR-2kR35qQ-2gcUciJ-2gcUAon-2gcUvrQ-2gcUGn1-2gcUCzb-2gcUmyQ-2gcUK12-2gcUGF7-2gcUCmk-2kRKeaJ-2m9uoE6-2md4WQz-2kwGmTD-2kwGmSr-2jmFmbn-2kWomw8-2n7ZzAB-2kQ9p8B-2kwCDJN-2mB9wKV-2mdnvqS-2nGNKeh-2kQ9phe-2kSB4B8-2mUKxr2-2kQ9onZ-2kUe2bi-2nUqM6Q-2kQsycw-2nhpABm-2mqwgCz-2kZmysn-2kAxT9J-2m1m62s-2mgcXYw-2m4LJq9-2n1D85y-2kpf1fq-2kVYmqB-2jEuvGg-2m6DBFS-2mdsGLB-2nWYYzt-2gcUcuW-2mdwg5A

06.01.2023 Скопје

Министерот за здравство на Романија, Александру Рафила, соопшти дека државата нема да прогласи епидемија на грип, иако е во состојба на епидемиолошка тревога.

Рафила истакна дека не сака да се врати на дискусиите за забрани и карантин, како што беше претходните две години и им препорача на Романците да носат маски во затворени простори.

Во меѓувреме, Националниот центар за надзор и контрола на заразни болести при Националниот институт за јавно здравје соопшти за први смртни случаи од грип во Романија.

Станува збор за 25-годишна жена од Букурешт со потврден вирус на грип од типот А и уште една 50-годишна жена, исто така од Букурешт.

Подготвено од М.Н.

About Author