https://www.flickr.com/photos/97927270@N07/14349472966/in/photolist-nS1Noj-iiqHVa-6xSqw5-iP8Xrf-ZpASfx-89RZJg-jBybia-Ufc6i7-j7KFng-2bGAfR2-dz5Cte-Z3oTtQ-5FdHuw-9vxNJ2-nyvEEQ-9wwH1Q-86TRmW-e92Nhh-hKE9W-espkMA-KFZQcu-5nEjWh-22BTfaV-scBfHu-SWK77d-pEbCYv-E2mLTA-XhWqAm-5mo96a-sxBVpa-nGHmep-28BP7oH-U4L5ts-KVuDXn-29B5VSq-kLBdUz-9x3qzZ-4xGK7R-cZD2Bu-4xGMkr-6sXmvS-37bf-qgDzck-76RvEX-8nyC9T-ewgQ6e-2mDWKR7-221y7c5-6s1myG-fxiQyp

18.01.2023 Скопје

Романија го презеде претседавањето со Комитетот за безбедност на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Мандатот се презема на барање на актуелното претседавање со ОБСЕ, кое го има Република Северна Македонија.

Во контекст на извршувањето на овој мандат, Романија ќе го поддржи постигнувањето на целите на организацијата во областа на борбата против трговијата со луѓе, управувањето со границите и борбата против тероризмот.

На овој начин, во соработка со актуелното претседавање со ОБСЕ на Република Северна Македонија, Романија ќе посвети зголемено внимание на спроведувањето на обврските преземени од сите земји учеснички и ќе го олесни консолидирањето на меѓународните напори за борба против транснационалните безбедносни закани, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи на Романија.

Подготвено од М.Н.

About Author