04.01.2023 Скопје
Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката.
Секој од трите блока на РЕК Битола има котел составен од цевки со должина од околу 700 километри, поставени на различни нивоа, низ кои поминува пареа со топлина од над 500 степени Целзиусови.
Откако точно ќе се лоцираат аномалиите, во најбрз можен рок Блокот ќе биде саниран и вратен во функција, соопштија од АД ЕСМ.
Воедно од АД ЕСМ наведуваат дека поради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.
Подготвено од М.Н.