02.01.2023 Скопје
Република Северна Македонија го презема годишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Шефот на македонската дипломатија и новиот претседател на ОБСЕ, Бујар Османи, изјави дека е голема одговорност и чест е да го преземеме претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.
Османи истакна дека целта на претседавањето ќе биде да се фокусираат на самите принципи на завршниот акт на Хелсинки, во интерес и потреби на народот.
Османи додаде дека планот на ОБСЕ е да им пружи помош на населението погодено од конфликтот, но и на другите на кои им е потребна, бидејќи задача на организацијата е да ги ублажува кризите и да го поддржува мирот.
Подготвено од М.Н.