alpitee

02.01.2023 Скопје

На првиот ден од 2023 година се измерени рекордни температури на северната страна на Алпите во Швајцарија и во Лихтенштајн.

Meteonews објави дека во малиот северен швајцарски град Делемонт и во главниот град на Лихтенштајн, Вадуз, вчера беа измерени над 20 степени Целзиусови.

Претходниот рекорд во јануари бил забележан на 1 јануари 1993 година, кога биле измерени 19,4 степени Целзиусови. Во Делемонт вчера имало 20,9 степени. Вкупно 36 мерни единици измериле локални максимални температури на Нова Година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author