10.01.2023 Скопје
Британскиот производител на автомобили Ролс-Ројс во 2022 оствари најголема годишна продажба со вкупно 6.021 продадени примероци.
Компанијата која припаѓа на германската групација БМВ соопшти дека ова претставува зголемување од осум отсто во однос на 2021 година, со испораки до клиенти во околу 50 земји.
Најмногу автомобили се продадени во САД, Кина и Европа, додека остатокот од автомобилскиот пазар сè уште закрепнува од пандемијата на коронавирусот и глобалниот недостиг на полупроводници.
Сепак, брендовите на луксузни автомобили како Бентли и Бугати постигнаа добра продажба за време на епидемијата на коронавирусот.
Подготвено од А.Ѓ.