https://www.facebook.com/photo/?fbid=831118684632106&set=g.347486906381131
11.01.2023 Скопје

Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека не е запознат со содржината на доверливите документи од времето кога тој беше потпретседател, кои се пронајдени во една од канцелариите што во меѓувреме ги користел.

„Бев информиран за откритието и бев изненаден кога дознав дека владините документи се однесени во оваа канцеларија. Не знам што има во тие документи“, изјави американскиот претседател Бајден на прес-конференција.

Специјалниот советник на претседателот, Ричард Заубер изјави дека „мал број доверливи документи“ биле откриени додека адвокатите на Бајден ги празнеле канцелариите на Центарот Пен Бајден.

Белата куќа вчера објави дека американското Министерство за правда ги истражува можните доверливи документи пронајдени во поранешните канцеларии на американскиот претседател во институтот каде што работел во Вашингтон.

Подготвено од М.Н.

About Author