
19.01.2023 Скопје
Поради обилните врнежи и излевањето на реките во Пријепоље и во Сеница, во соседна Србија, е прогласена вонредна состојба.
Поради големите дотоци од Црна Гора се прават дополнителни насипи за да се заштитат загрозените населени места, а припадниците на Одделението за вонредни состојби, „Србијавода“ и општините обезбедуваат места со насипи во реоните каде што се очекува да биде најкритично во текот на денот.
Пороен дожд паѓаше во текот на ноќта на територијата на општините Сеница и Рашка и придонесе за повторно зголемување на водостојот на реките. Се уште е најкритично во населбата Букурешт каде вчера беа поплавени повеќе од 40 куќи.
Се зголемува и водостојот на реката Ибар во Рашка, а обилниот дожд придонесува за отежнати услови за возење, а на места забележлива е поголема количина на вода на коловозите.
Подготвено од М.Н.