11.01.2023 Скопје
Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, односно второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.
Министерството за образование и наука, во образложение наведе дека, зимскиот распуст треба да се продолжи поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.
Подготвено од М.Н.