30.01.2023 Скопје
Дел од приватните превозници од девет часот денеска ќе протестираат пред седиштето на ЈСП во Автокоманда, и ќе бараат средба со директорот на ЈСП, а подготвуваат и барања за прием до Град Скопје и до Владата.
Исен Халили од „Макекспрес” изјави дека по одржаниот состанок на лица од двете компании „Макеспрес” и „Слобода превоз” одлучено е денеска да се протестира, бидејќи како што нагласи, целата работа околу решавањето на нивниот проблем се одоговлекува, а тие се без работа и без никакви примања.
Приватните превозници последните месеци од минатата година протестираа блокирајќи неколку сообраќајници во главниот град и барајќи исплата на заостанатите долгови. Откако не наидоа на разбирање кај градоначалничката на Град Скопје, побараа прием кај премиерот Димитар Ковачевски.
Во меѓувреме, Град Скопје објави два јавни повика за приватните автобуски превозници, на кои немаше интерес.
Подготвено од М.Н.