20.01.2023 Скопје
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Тетово, при извршен претрес на улица „Полог”, лишен е од слобода 34-годишниот У.М. од тетовска Шипковица, соопшти МВР.
При претрес на патничко возило „опел астра” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал лицето У.М. била пронајдена една автоматска пушка и 50 куршуми “Лугер” калибар 9 мм.
По наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, извршен е претрес и во неговиот дом каде се пронајдени 237 куршуми калибар 9мм, поголема количина на муниција од различен калибар, пиштол „Црвена застава” 7.62 мм со рамка со куршуми, пиштол „Глок 17″ со рамка со куршуми калибар 9 мм, гасен пиштол, еден топовски удар и една полоавтоматска пушка “Кхан Армс” со 5 патрони, се додава во соопштението на МВР.
Од страна на СВР Тетово до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесена кривична пријава против лицето У.М. за извршено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
Подготвено од М.Н.