26.01.2023 Скопје
Полициски службеници при извршен претрес во домот на И.Б.(57) од село Копаница, пронајде оружје и муниција, а едно од оружјата потекнува од кражба извршена во Струмица, соопштија од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека, по претходно добиена судска наредба за претрес од страна на Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршиле претрес во домот на И.Б., при што пронашле еден пиштол „Стаер” со две соодветни рамки и 61 куршуми калибар 9 мм.
Од спроведената истрага утврдено е дека пиштолот потекнува од кражба извршена на 20.01.2023 во домот на М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.(25) од Струмица, кој на 23.01.2023 е лишен од слобода поради нејзино убиство и веќе издржува мерка притвор од 30 дена.
Од страна на СВР Скопје по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик до надлежното ОЈО Скопје.
Подготвено од М.Н.