05.01.2023 Скопје
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, при контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје има изречено вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), и три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, и три мерки за нерегистрирани возила.
Од МВР информираат дека сообраќајните контроли на територијата на Град Скопје продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.
Подготвено од М.Н.