https://www.flickr.com/photos/66625604@N07/7909214748/in/photolist-d3UMZw-Cu2eko-q3mdr3-qfTbv8-dD4Hb6-dPYLDv-dPLyyj-QivRTs-dPKiPj-dPEbUg-dPKNJY-23Nhdd1-dPXW8Z-dPLicU-BX9Vi9-NyAWnF-DzwBar-aAHR1s-K5nazj-2jhvYNj-2h21p5S-6BobUH-2gNPYiD-4SbNpm-2gw7tsG-dPEV4z-dPLzQ9-dPLzRm-dPE6SZ-FH9sMw-22umF9r-22tKPd2-22tPk3r-22LUEQ9-dPEn3T-22LsnBo-22NyEiA-2jZndcu-TxR99u-2fayLVi-akSadp-zQVf9-rRBEFL-qJYDPx-DMwGbm-Wy3k3Y-CSsD9x-4wheGF-CSkG9L-Qprn94

04.01.2022 Скопје

Претставници на ЕУ, САД, Германија и Франција по Божикните празници се очекува да го посетат Белград, за да се забрза решавањето на косовското прашање.

Медиумите во Србија соопштија дека Белград прво треба да го посетат специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лакчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, заедно со претставниците на францускиот и германскиот претседател Емануел Боно и Јенс Плетнер, а потоа се можни посети и на други функционери.

Целта на тие посети е да се убеди српскиот државен врв да започне политички преговори со Приштина, што би се засновале врз француско-германскиот предлог, односно предлогот на Европската унија за косовското прашање.

Подготвено од М.Н.

About Author