02.01.2023 Скопје
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека шведското претседателство со Европската унија ќе биде од клучно значење за зачувување на единството на ЕУ во поддршка за Украина.
Земјите-членки на Европската унија претседаваат со Советот на ЕУ на секои шест месеци и за тоа време претседаваат со состаноци на сите нивоа во Советот, кој заедно со Европскиот парламент е законодавно тело на Унијата.
Шведска од вчера го презеде претседавањето со Советот на ЕУ од Чешка. Шведска е членка на ЕУ од 1995 година и ова е трето претседавање на земјата по 2001 и 2009 година.
Во програмата на своето претседателство, под слоганот „Позелено, побезбедно и послободно”, шведската влада постави четири приоритети: безбедност и единство, конкурентност, зелена и енергетска транзиција и демократски вредности и владеење на правото.
Подготвено од М.Н.