https://www.facebook.com/photo?fbid=620464676115256&set=pcb.620464762781914

23.01.2023 Скопје

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, официјално соопшти дека претседателските и парламентарните избори ќе се одржат на 14 мај.

Овие избори ќе бидат тест за Ердоган, кој е на власт цели 20 години, тој беше избран за премиер во 2003 година, а претседател на Турција е од 2014 година.

Ердоган се кандидира за трет мандат, за кој опозицијата тврди дека е неуставен. За претседател првпат беше избран во 2014 година, а реизбран во 2018 година.

Поддржувачите на Ердоган тврдат дека тој е избран во 2018 година за прв претседател во новиот претседателски систем по големите уставни измени, и според тоа неговиот претходен мандат во 2014 година не се смета.

Анкетите покажуваат дека парламентарните и претседателските избори ќе бидат неизвесни и ќе бидат најголемиот тест за поддршка на Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во изминатите две децении.

Владејачката АКП се уште е најсилната турска партија и најверојатно ќе остане значајна сила во Парламентот, но анкетите покажуваат дека Ердоган имал помал рејтинг од некои потенцијални предизвикувачи.

Подготвено од М.Н.

About Author