23.01.2023 Скопје
Претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доколку остане на своите ставови да поднесе оставка, тоа ќе биде крајот на партијата.
Медиумите во Србија објавија дека на средбата во седиштето на (СНС) имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ за Косово.
Според информациите, Вучиќ реагирал на тие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води државата подобро од него, тој е подготвен да им го остави тоа на нив, и кратко потоа го напуштил состанокот.
Претседателот на извршниот комитет, Глишиќ смета дека доколку дојде до оставка на претседателот Вучиќ, тоа ќе биде „најцрното и најлошото сценарио за Србија“ што не може ниту да се замисли.
Претседателот Александар Вучиќ денес ќе присуствува на седницата на Владата на Србија, која што ќе започне во 11 часот, а потоа најави обраќање пред граѓаните во 20 часот.
Подготвено од М.Н.