https://www.facebook.com/photo.php?fbid=597598158620001&set=pb.100051094670379.-2207520000..&type=3

13.01.2023 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека му пренел на советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, дека секоја форма на формално или неформално признавање на независноста или отстапка за членство на Косово во ОН се „црвени линии“ кои Белград нема да ги помине.

Вучиќ истакна дека со американскиот дипломат вчера во Белград разговарал за т.н германско-француски план за Косово.

Вучиќ додаде дека е благодарен што американската администрација сега инсистира на имплементација на Бриселскиот договор, вклучително и формирање на Заедницата на српските општини, но и оцени дека „невозможно е да се постигне напредок доколку некој постојано се повикува на нивните сопствени правни акти“.

Подготвено од М.Н.

About Author