31.01.2023 Скопје
Претседателот на Чешка, Милош Земан, престојува во официјална посета на Србија, која ја избра за проштална странска посета на крајот од вториот и последен мандат.
Во март, Земан го завршува вториот петгодишен мандат како претседател на Чешка, кога ќе го наследи поранешниот генерал на НАТО Петр Павел.
„Едно време и чешкиот парламент ја повика владата да не го признае Косово, но за жал политичката ситуација се промени и силите кои го признаа Косово победија, а јас не сум автократ и ги почитувам демократските принципи. Ниту јас, ниту мојот претходник Вацлав Клаус даде согласност за именување на чешкиот амбасадор во Приштина“, изјави Земан.
Вучиќ му се заблагодари на Земан за неговиот став за Косово, но и за неговото лично извинување до Србија за бомбардирањето во 1999 година, кога тој беше премиер на Чешка.
Подготвено од М.Н.