03.01.2023 Скопје
Бугарскиот претседател Румен Радев го врачи вториот мандат за формирање влада на Николај Денков, номиниран за премиер од „Продолжуваме со промената“.
Радев изјави дека Денков овој мандат го добива на првиот работен ден од новата година, кога традиционално си посакуваме здравје, мир и бериќет, и кога на него се гледа со надеж и очекување за повеќе разум, дијалог и разбирање. Тој изрази надеж дека Денков и партијата што ја претставува „Продолжуваме со промената“ ќе ја побараат потребната собраниска поддршка.
Денков соопшти дека во име на „Продолжуваме со промената“ го прифаќа вториот мандат со јасна свест дека задачата е исклучително тешка и додаде дека се убедени дека мора да се направи се што е потребно за да се формира влада.
Се очекува гласањето за декларацијата да се одржи на 5 јануари во Народното собрание на Бугарија, но рокот за враќање на вториот мандат според бугарскиот устав истекува на 12 јануари.
Подготвено од М.Н.