vucic radev nov proekt pocetok

31.01.2023 Скопје

Од кабонетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопштија дека Вучиќ утре ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на работите на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија.

Меѓусистемската гасна врска „Бугарија-Србија“ (ИБС) во Србија ќе биде долга 109 километри, а вкупната должина на двонасочниот гасовод низ двете земји е 170 километри, од Нови Искар кај Софија до Ниш.

Гасоводот има капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас годишно и овој проект е од заеднички интерес за Европската Унија.

Вкупната вредност на овој проект според проценката на Европската инвестициска банка, е 85,5 милиони евра, од кои ЕИБ дава 25 милиони евра во форма на заем, 49,6 милиони се неповратни ЕУ кофинансирање од ИПА фондовите, а остатокот ќе бидат трошоци што ќе се покриваат од буџетот на Србија и сопствени средства на ЈП „Србијагас“.

Подготвено од М.Н.

About Author