https://www.facebook.com/photo.php?fbid=115269731234696&set=pb.100082550076937.-2207520000.&type=3

20.01.2023 Скопје

Бугарските медиуми јавија дека секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид бил претепан, а случајот го потврди и македонското Министерство за внатрешни работи.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев изјави дека тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во културниот центар.

Според Ковачев, состојбата на претепаниот не е добра. Воедно, потсети дека пред само неколку дена во медиумите на Република Северна Македонија беа дистрибуирани фотографии од оние кои учествуваа во прославата на Мара Бунева со повик „да им се згорчи животот“.

Нападот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид бил пријавен околу 22 часот и 30 минути, го потврди и македонското Министерството за внатрешни работи со соопштение.

Дваесет и едно годишниот Х.П. од Охрид синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј „Македонија”.

За нападот бил известен јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author