https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2836541313072911&set=t.100008190666291&type=3

30.01.2023 Скопје

Премиерот на Украина, Денис Шмигал има двегодишен графикон за обезбедување на членството на неговата земја во ЕУ, што сигурно ќе доминира во дискусиите на овонеделниот историски самит ЕУ-Украина, првиот што ќе се одржи на украинска територија.

Еврокомесарите ќе отпатуваат за Киев оваа недела пред Самитот во петок со украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефовите на Европската комисија и Советот.

„Имаме многу амбициозен план за влез во Европската Унија во следните две години, очекуваме дека оваа година, веќе ќе можеме да ја одржиме оваа прелиминарна фаза од пристапните преговори”, изјави Шмигал.

Блиските сојузници на Украина во ЕУ, како што се Полска и балтичките земји, силно го поддржуваат притисокот за членство на Киев, гледајќи го како демократија која се спротивставува на агресорот.

Сепак, многумина од старата гарда на ЕУ се многу повнимателни, бидејќи земјите кандидати како Србија, Турција и Црна Гора чекаат многу години и според нив не е во ред Украина да биде дел од ЕУ пред овие земји.

Подготвено од М.Н.

About Author