26.01.2023 Скопје
Франција со убедливи 35:28 ја совлада Германија, додека Шведска со 26:22 го совлада Египет, па така двете најтрофејни селекции на Светските првенства ќе се сретнат во полуфиналето.
Иако резултатот 35:28 покажува убедлива победа на Франција, сепак Германија беше рамноправен противник, а Французите разликата ја направија на крајот на натпреварот.
Најефикасни во редовите на Франција беа Фабрегас и Ремили со по пет гола, додека Јоханес Гола кај Германија постигна шест.
Во вториот четвртфинален натпревар, Египет добро започна против Шведска и имаше предност во поголемиот дел од првото полувреме, но по предноста од 9:8 застанаа, а тогаш следуваше серија на Шведска од 6:0 за на пауза да заминат со 14:9.
Во полуфиналето на СП 2023 во ракомет ќе играат паровите: Франција-Шведска и Данска-Шпанија.
Подготвено од М.Н.