https://www.flickr.com/photos/blazpurnat/3508021743/in/photolist-7JuJvR-7JLMxS-2p8gnJ-2qgj3e-2qjLDN-2qgj3M-a363Nc-6kZwDv

04.01.2023 Скопје

Словачка е една од петте земји-членки на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово.

Словачкото Министерство за надворешни работи соопшти дека секоја промена во позицијата на Братислава по однос желбата на Косово да се приклучи на ЕУ ќе зависи од нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.

Словачкото МНР додаде дека единствен начин за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е активното учество во дијалогот што го води ЕУ, кој постепено треба да доведе до правно обврзувачки договор.

Тензиите меѓу Белград и Приштина се константни откако Косово прогласи независност што Србија одбива да ја признае. Околу 110 земји ја признаа независноста на Косово, но не и Русија, Кина и пет земји-членки на ЕУ, односно Кипар, Грција, Романија, Словачка и Шпанија.

Европската унија и САД засега безуспешно се обидуваат да помогнат за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Подготвено од М.Н.

About Author