06.01.2023 Скопје
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил во Белград потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Стејт департментот и Министерството за надворешни работи на Србија.
Дачиќ на заедничката прес-конференција истакна дека Србија треба да го зголеми интензитетот на меѓусебните контакти со САД, а со тоа и посетите во Вашингтон и во Белград.
Со нетрпение ја очекуваме посетата на државниот секретар Ентони Блинкен. Тоа би ја потврдило определбата на сегашната американска администрација за развој на партнерски односи, истакна Дачиќ, и додаде дека е задоволен и од нивото на економската соработка со САД, која што надминала милијарда долари.
Овој аранжман го гледаме како уште една можност за подобрување на билатералните односи и подобро разбирање на странските политички служби. Станува збор за привремено распоредување на офицерот за врска во нашето Министерство во соодветната дирекција на Стејт департментот, појасни Дачиќ.
Хил е задоволен од потпишувањето на Меморандумот за разбирање поврзано со формирањето на офицер за врска, позиција за српски дипломат кој би работел во Стејт департментот и додаде дека со Дачиќ разговарал за различни теми на состанокот.
Кристофер Хил истакна дека ова е вистинска можност за двете министерства да се зближат и подобро да ги запознаат своите дипломати.
Подготвено од М.Н.