31.01.2023 Скопје
Најголемото албанско пристаниште Драч е подготвено да го започне процесот на изградба откако попладнево Владата и компанијата „Игл Реал Естејт Девелопмент“ го потпишаа конечниот договор со кој се завршени сите законски процедури.
Вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку истакна дека ова е најголемиот проект во албанската економија со инвестиција од 2 милијарди евра.
За инвеститорот Мохамед Алабар од Дубаи преговарачкиот процес бил долг, но истакна дека резултатот ќе биде фантастичен, и заедно со премиерот Еди Рама ги истакна квалитетните работни места што ќе ги обезбеди проектот.
„Овој проект ќе создаде квалитетни вработувања и многу добро платени работни профили за многумина кои веќе нема да имаат причина да ја гледаат иднината во странство. Проектот ќе врати многу поединци не само од Драч, туку и од други места за работа во Албанија“, изјави Еди Рама.
Подготвено од М.Н.