Image by Stefan Schweihofer from Pixabay

30.01.2023 Скопје

Денеска, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар за литар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 86, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 84,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за еден денар за литар се намалува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 82,5 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,304 денари за килограм и ќе изнесува 41,346 денари.

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,344 отсто, кај дизелот за 1,201 и кај мазутот за околу 1,362 отсто, додека намалување во просек за 0,948 отсто има кај екстра лесното масло за домаќинството.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author