31.01.2023 Скопје
Поранешниот бразилски претседател Болсонаро поднел барање за шестмесечна американска виза, што укажува дека можеби нема намера веднаш да се врати дома, каде што го чекаат одредени правни процедури.
Болсонаро го напушти Бразил на 30 декември и замина за американската сојузна држава Флорида, само два дена пред да биде инаугуриран неговиот ривал Луис Инасио Лула да Силва.
Една недела подоцна, неколку илјади приврзаници на Болсонаро упаднаа во најважните државни згради, барајќи изборите да бидат поништени и Лула да биде прогласен за губитник на претседателските избори што се одржаа во октомври минатата година.
Американските медиуми претпоставуваат, иако немаат официјална потврда, дека Болсонаро влегол во САД со виза А-1 што им се дава на шефовите на држави.
Во таков случај тој има 30 дена или да ги напушти САД или да го регулира својот статус во Министерството за домашна безбедност, соопштуваат американските медиуми.
Подготвено од М.Н.