17.01.2023 Скопје
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека сака да напише книга за времето поминато во Даунинг стрит како премиер на Велика Британија.
Директорка на издавачката куќа „Харпер Колинс“, Арабела Пајк, изјави дека со нетрпение очекува да работи со поранешниот премиер Борис Џонсон, додека тој го опишува своето време како премиер за време на некои од најзначајните настани што Велика Британија ги видела во последно време.
Џонсон поднесе оставка од премиерската функција на почетокот на септември минатата година, откако ја изгуби поддршката од министрите и пратениците поради скандалот кога беше фотографиран на забава додека остатокот од Британија беше во карантин за време на пандемијата Ковид-19.
Засега сеуште нема детали колкав е хонорарот на Џонсон и кога ќе биде објавена книгата.
Подготвено од М.Н.