03.01.2022 Скопје
Премиерот Андреј Пленковиќ соопшти дека ќе оствари средба со надлежните министри и инспекциските органи, бидејќи по воведувањето на еврото во Хрватска, се појавуваат низа поскапувања на стоките и услугите.
Пленковиќ во соопштението наведува дека свикал состанок со надлежните министри и претставници на Даночната управа, Царинската управа и Државниот инспекторат во врска со понатамошните активности за заштита на потрошувачите од неоправданото поскапување.
Воведувањето на еврото не е причина за зголемување на цените на стоките и услугите, објави Пленковиќ на својот официјален профил на Твитер.
Подготвено од М.Н.