16.01.2023 Скопје
Водите околу јужните делови на Нов Зеланд се за шест степени потопли од вообичаено поради климатските промени, временскиот феномен Ла Ниња и областите со висок воздушен притисок.
Океанографот Жоао де Соуза изјави дека температурата на водата моментално е за четири степени потопла од просечната и дека таквите температури ќе имаат значителни последици за еко-системот настанат и прилагоден на постудени води.
Според Де Соуза, истражувањата покажале дека се зголемуваат температурите на површинските води, но и оние на длабочина од сто метри, што значи дека топлотниот бран ги погодува и видовите што живеат во подлабоките води.
Нов Зеланд минатата година доживеа бројни топлотни бранови на морската вода, што доведе до појава на избелување на морските сунѓери.
Подготвено од М.Н.