https://www.flickr.com/photos/sor_prendente/4182130050/in/photolist-DPdXAG-qQ5pS5-7ABGnD-7Z3sib-7nyvyw-c7BQEu-SMhz6q-7DPGv3-kH83NM-257cfdt-pQgUNF-4YnY4y-a3GRud-7KpkEi-2117YMh-zxfJaq-9xAjUf-J8vrhG-2dRsqit-92GSAj-GDH7Aw-odBS65-7nndQY-cH37x1-nbfE1Y-r4Gn9w-24ekAVT-Rshshg-qMRcYs-zY4WBL-JSK2PV-JeE4BM-Ks3d4S-SJVB65-Sgpjry-ixjDwF-cx8uxL-7qfPGZ-27uiHoS-XJoirt-QJqCkM-dGKvj7-22f7Anm-Hjzzq2-wkeXUG-e77wg1-Kkvk61-dJrqyw-BVezmq-U4Nu5z

13.01.2023 Скопје

Железничката инфраструктура на Србија од превентивни причини ја намали брзината на возовите од 200 на 160 километри на час на две делници од брзата пруга Белград – Нови Сад, и патувањето со брз воз меѓу Белград и Нови Сад ќе трае само три до пет минути подолго.

Од Железничката инфраструктура на Србија потсетија дека пред изградбата на модерната, двошина брза пруга „Београд-Нови Сад“ за брзина до 200 километри на час, која беше пуштена во редовен сообраќај на 20 март 2022 година, просечната брзина на возовите на овој меѓународен железнички автопат била само 40 километри на час, а само делницата од главниот град до Стара Пазова била со две шини.

Стручните служби на Железничката инфраструктура на Србија редовно и детално ја посетуваат целата траса на брзата пруга Белград – Нови Сад, со цел да се увидат сите детали и можни дефекти, вклучително и оние кои не влијаат на функционирање на железничкиот сообраќај на оваа делница.

Подготвено од М.Н.

About Author