16.01.2023 Скопје
Голем дел од Словенија синоќа беше зафатен од обилни снежни врнежи кои предизвикаа проблеми во сообраќајот. Поради снег и лизгање на камиони затворени се крајбрежниот автопат како и дел од обиколницата Љубљана.
На места има и голомразица, крајбрежниот пат помеѓу Врхник и Логац кон Копер е затворен за секаков сообраќај, а затворен е и јазолот Нанос од правец Вртојба кон Копер. Затворен е и автопатот Долењ кај Медвечек кон Љубљана.
Забранети се приколки и полуприколки на патот Кол-Ајдовшчина, додека пак патиштата од австриската страна на превојот Љубељ и Коренско седло се проодни само за патнички возила со синџири.
Од ССМ предупредуваат и дека сообраќајот на патиштата е забавен, а возачите се повикуваат да го започнат патувањето порано од вообичаеното и само со задолжителна зимска опрема.
На некои места во Словенија маглата на сообраќајните ленти додатно ја намалува видливоста, предупредуваат од ССМ.
Подготвено од М.Н.