27.01.2023 Скопје
Јапонија ја прошири листата на забранети производи за извоз во Русија и замрзна имот на руските официјални лица и субјекти.
„Со оглед на ситуацијата околу Украина и со цел за придонесување во меѓународните напори за обезбедување мир, Јапонија ќе спроведе забрана за извоз во согласност со другите големи земји“, се наведува во соопштението на јапонското Министерството за економија, трговија и индустрија.
Јапонија донесе одлука и да ги замрзне имотите на три ентитети и 22 поединци во Русија, вклучително и воздухопловната компанија АД Иркут, на производителот на ракети земја-воздух ММЗ Авангард, на заменик-министерот за одбрана Михаил Мизинцев и министерот за правда Константин Чуиченко, како и 14 лица поврзани со анексија на делови од југоисточна Украина.
Оваа одлуката од страна на Јапонија е донесена по вчерашните руски напади ширум Украина, при што загинаа 11 луѓе.
Подготвено од М.Н.