16.01.2023 Скопје
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека прашање е дали Србија ќе успее да ги подобри односите со Хрватска, и нагласи дека треба да бараат заеднички интерес, и да се занимаваат со конкретни теми.
Дачиќ истакна дека следен потег треба да биде, односно да се направи пресек на состојбите за сите прашања кои можат да се групираат во три дела, отворени прашања од минатото, што може да се направи денес во потрага по заеднички интереси, и третиот кој ќе се однесува за развојот на економски односи.
Дачиќ посочи дека е важно да постои политичка волја за да се надмине ситуацијата, а според него, успехот ќе се постигне кога ќе почнат да се занимаваат со конкретни прашања, а не „со создавање антисрпска хистерија, која води до тоа дека тогаш не се посакува нормализација на односите“.
„Тешко е да се очекува дека некој од нас ќе го смени мислењето, но да се обидеме барем да бараме некаков заеднички интерес“, изјави министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
Подготвено од М.Н.