t mobile 12

02.01.2023 Скопје

Полскиот регулатор УОКиК ја обвини полската единица на T-Mobile за погрешно рекламирање во врска со понудата за бесплатни мобилни податоци, при што компанијата потенцијално ќе се соочи со казна од 10 отсто од годишниот приход.

УОКиК истакна дека слоганот на T-Mobile Полска „1200 GB бесплатно за една година“ е погрешен бидејќи интернет пакетите од 100 GB се доделуваат секој месец, максимум 12 месеци, се додека потрошувачот периодично ја обновува понудата по цена од најмалку 35 злоти (7,99 долари).

Во соопштението на првиот човек на УОКиК, Томаш Хрости, се наведува дека читањето на огласот, потрошувачот треба да има општа, но реална идеја за презентираната понуда. Промотивниот слоган на T-Mobile може да сугерира добивање на еднократен пакет податоци од 1200 GB, а не десетина или толку помали пакети, под услов таксата да се плаќа периодично.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author