https://www.flickr.com/photos/51763995@N04/31183689667/in/photolist-PvAyvR-dmQqUk-oziaFH-2i2CGTD-dmR5zb-dmR3Z5-ozhcyV-dmQhDx-dmR8Js-7L3QZH-dmQXNe-2gxNfgf-dnyvwg-dmR5gP-dn9d9Q-dmQoGx-21rpLGb-z3wxr-Rvxutf-rubE1m-5Erfbs-5EmYxP-2oanu6j-dn9mNe-dn9jPB-qWY8so-dmQNnW-dmQjNk-dn9dMB-dmQuFg-25emesx-4DWman-dmQBjf-dmQzTQ-dmQpE9-9QmCvi-dmQZcq-FJg6Di-8Xex8j-hS1nqd-quWP4R-6bsTbr-H4k13a-9jemG8-2iDbgw1-2iD75XQ-AfpwN4-MxggcF-2iD9P1g-rYbuFm

09.01.2023 Скопје

На пацифичкиот архипелаг Вануату по силниот земјотрес кој беше измерен со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала, издадено е предупредување за појава на цунами.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 23 километри од пристаништето Олри на длабочина од 27 километри.

Пацифичкиот центар за предупредување издаде предупредување за цунами на бреговите кои се на оддалеченост од 300 километри од епицентарот.

На Вануату, кој е подложен на природни катастрофи, со активни вулкани и редовни циклони и земјотреси, живеат околу 280.000 луѓе. Архипелагот се наоѓа на пацифичкиот огнен прстен, каде земјотресите и вулканите се вообичаени.

Подготвено од М.Н.

About Author