16.01.2023 Скопје
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија соопшти дека е донесена Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 % во однос на одлуката од 9.1.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 3,918%, кај дизелот за 3,712%, кај екстра лесното масло за 4,303% и кај мазутот за 1,552%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,176 ден/кг и сега ќе изнесува 39,459 ден/кг.
Во соопштението од РКЕ се наведува дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Подготвено од М.Н.