06.01.2023 Скопје

По двегодишна пауза поради пандемијата Ковид-19, денеска во периодот од 10 до 12 часот во вкупно 62 градови и населени места во државата, илјадници деца ќе чекорат во бадникови поворки на радоста пеејќи ја анѓелската песна „Вечниот Бог” со која ќе го најават Христовото раѓање.

Најголемата бадникова манифестација ќе започне во Скопје во 11 часот со празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија” каде што сите деца со нивните семејства ќе бидат пречекани со настапите на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Златно славејче, Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм) и Пере (Нокаут).

После концертот, ќе се оформи бадникова поворка која преку Камениот мост ќе тргне кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски”, каде што сите коледарчиња ќе бидат дочекани и дарувани од неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Во сите поголеми градови во Република Северна Македонија, исто како и во Скопје, поворката ќе биде крунисана со празнични концерти на пригодни божиќни песни во кои ќе учествуваат локални ѕвезди и хорови.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *