13.01.2023 Скопје
Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, ја откажа официјалната посета на претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен, која беше планирана за 17 јануари.
Од Турција уследија остри реакции откако приврзаниците на терористичката организација ПКК/ЈПГ, собрани пред историската зграда на Градското собрание во главниот град Стокхлом, закачија кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на столб пред зградата, упатуваа закани кон претседателот Ердоган, и ја споделија снимката на социјалните мрежи.
Финска и Шведска официјално во мај минатата година поднесоа барање за членство во НАТО, напуштајќи го повеќедецениското воено неврзување, а оваа одлука беше поттикната од руската војна против Украина.
Подготвено од М.Н.